Два одделни инциденти се случиле денеска со параглајдеристи во Крушево.
Според неофицијални сознанија, параглајдерист паднал при летот над околината на Мечкин Камен, при што се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а поради сериозноста на ситуацијата бил повикан хеликоптер кој во Јасен гаснел пожар за итен транспорт на параглајдеристот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во вториот инцидент, пак, параглајдерист се урнал врз дрво високо речиси 5 метри, при што била конктактирана Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно симнување на лицето.