Драмата со печатите во Демир Хисар, која почна во петокот, кога полицијата сакаше директорката да ја носи на носилки во полиција, продолжи денес, прво во полиција, па потоа во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“
Се уште актуелната директорка Маја Лозановска и нејзиниот адвокат Жарко Стеваноски денес заминаа во полициската станица. Но, по целата драма што се случуваше во петокот, денес кога ги виделе полицајците се зачудиле.
-„Што барате, ние не ве повикавме? Ако сакате самостојно да си дадете исказ“! Така ни рекоа во полиција кога не видоа. Но, адвокатот не се сложи, па рекоа ќе напишат покана за утре, во 13 часот. И утре повторно ќе одиме во полиција, вели Лозановска.
Таа вели дека со адвокатот побарале со полицијата да одат во гимназијата, бидејќи нејзината канцеларија е обиена, но тие одбиле.
-Пријавивме дека е обиена канцелијата. Влегле, ги барале печатите за да направат фалсификат, но не ги нашле. Јас сум одговорно лице, немам секретар. Кога имаше секретар тој имаше сеф во кој се чуваат трајни документи, секако и печатите . Јас бидејќи немам секретар, затоа имам сеф. Кому да го дадам клучот? Секако дека ќе го дадам кога ќе се се направи примопредавење. Искрено толку години трпам тортура. Ми праќале инсперкции, ме обвинувале за незаконски работи. Ова веќе не се трпи. Затоа ќе се снима се, па нека постапуваат институциите. Само јавно, за да се види што се прави. Ова не е единствен случај, многу се соочуват со ваков начин. Ова нема крај, вели Лозановска за ММС и додава:
– Ќе направиме прес и на прес ќе кажам со што се сум се соочувала и за лажните обвинувања за финансиски малверзации. Па да имаше навистина финансиски малверазии досега ќе ме затвореа немаше ова да се случува. Јас луѓето не ги гледам партиски туку професионално. Јас бев избрана за директор на јавен оглас. Кога станав директор, претходниот, кој беше од ВМРО ДПМНЕ си остана на работа. Нема потреба од реваншизам. Е ама сега не сум погодна, вели таа.
Мандатот на Маја Лозановска е до април 2027 година.

Адвокатот Жарко Стеваноски вели дека целата работа ќе се тера до крај и најави кривична пријава против в.д. директорката.
-Денес како што беше договорено бевме на информативен разговор. Не пречека инспектор, кој беше во петокот кога се правеше претресот. Проба да ни земе службена белешка, а бидејќи одбивме да ја потпишеме побара утре да одиме. Побарвме да дојде полицијата во школото, бидејќи канцеларијата е обиена, но тој одби. Во школото не пречека в.д. директорката, но и таа не скаше да види кај се печатите. Од толку фама за печатите излезе дека ни МВР сака да знае кај се, ниту директорката. Утре ќе инсистирм да дојдат и да ги видат. В.д диркторката си замина оти, како што рече, си имало постапка. Таа е подносител на пријава во МВР, врз основа на нејзината пријава се правеше претрес. И сега не сака да ги види, бидејќи ако ги покажаме ќе се види дека лажно пријавила. Затоа ние ќе поднесеме кривична пријава против неа за лажно пријавување на кривично дело, самовластите и злоупотреба на службена положба и овластување. Канцеларијата е се уште обиена, печатот е во сефот и никој не сака да дојде да види. Понатму ќе се знимаваме со инспекторите од ДПИ, ќе тераме до крај, нема отстапка, рече Стеваноски за ММС.