Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави дронски снимки направени од албанските воздухопловни сили, на кои се гледаат потпалувачи на пожар на отворено.
- Намерното палење пожар не е само кривично дело, туку е и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве ги сликите од намерно палење снимено денес од страна на беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот. Во меѓувреме, во ова тешко време на глобално затоплување и пожари што ги предизвикуваат особено сите медитерански земји, ќе мора да го изедначиме палењето со убиство во Кривичниот законик, напиша Рама на фејсбук.