Американската кантавторка Џенифер Лопез доживеа мала непријатност на концерт во Алмати, Казахстан. Имено, скакулец слета врз неа, ѝ се искачи до вратот, а снимката собра десетици илјади допаѓања на социјалните мрежи.
Пејачката продолжи смирено со песната, иако скакулецот ја скокоткаше на вратот – како што и самата призна. Не дозволи инсектот да ѝ го одвлече вниманието, го отстрани со прстите, па доста одважно и професионално ја реши непредвидената состојба и го приврши настапот.
Лопез објави снимка од случката прво на нејзините фан-страници, а потоа и на своите профил.
„Го реши како професионалка“, „Одлично се снајде, јас ќе се онесвестев онаму“, „Среќна бубачка“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“ – се дел од коментарите на следачите.
Џеј Ло ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ (Cala di Volpe) на италијанскиот остров Сардинија.