Се уште се трага по бугарскиот државјанин, кој исчезна во саботата во Охридско Езеро, се нурнал на длабочина од 89 метри и не излегол. По медиумите се шпекулираше дека е пронајден, но од СВР Охрид утрово рекоа дека тие информации не се точни и дека еве веќе трет ден по него се трага.
-Бугарскиот државјанин, кој исчезна во водите на Охридското Езеро се уште не е пронајден и по него се трага еве веќе трет ден. Тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“ преземаат мерки за негово пронаоѓање, но засега без успех, вели Стефан Димоски од СВР Охрид.