Добар театар за остварување туѓи интереси и политики, така го нарече конфликтот во 2001 година Зоран Ефремов, некогашен член на ДБК, пасиониран историчар и дел од внатрешната фракција на ВМРО ДПМНЕ, во денешното најново издание на емисијата Стадион на Канал 77. Зборувајќи за годините наназад, осамостојувањето на Македонија во 1991та, како и се она што е главната пречка за успешен напредок на земјава на патот кон ЕУ, Ефремов истакнува дека најголемата можност за решавање на спорот со Грција околу името била пропуштена уште во моментите на конституирање на самостојна македонска држава.
- Ако уште тогаш се седнеше на маса и се решеа спорните моменти, денес Македонија ќе беше дел од ЕУ, и тоа уште во времето со Словенија, многу пред Бугарија, вели Ефремов.
Меѓу другото, Ефремов даде свој коментар и за она што денес се случува во земјава од политички аспект, велејќи дека актуелната власт прфедводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никакви идеи како да ја водат државата, без никаков концепт и конкретна цел каде движиме и кон која цел.
- Мицкоски и оние околу него денес немаат никаква идеја како и каде ја водат државата, се функционира по принцип ден да пројде нов да дојде. Единствената цел беше да се освои власта без идеја што понатаму, а државата не можете да ја водите ако немате конкретна цел и ако не знаете на каде движите, вели Ефремов.
Додава дека де факто политиките на Мицкоски ја водат Македонија кон целосна изолација, како што вели самиот не можете да живеете на пуст остров, мора да ги следите тековите и да движите согласно.
За историјата, минатите чекори на македонските историски значајни личности и последиците врз Македонија и нејзиниот народ денес, зборува Зоран Ефремов во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77. Многу повеќе на линкот во продолжение: