Во Твинсбург, Охајо, САД, денеска ќе почне „Твинс дејс фестивал“ (Twins Days Festival) – најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот, којшто ќе трае до 3 август. Овогодишните „Денови на близнаците“ се јубилеен 50-ти годишен собир.
„Оваа година, Ве покануваме да ја доживеете магијата на минатите фестивали, облекувајќи се во Вашата омилена тема од минатите години. Без разлика дали ги сакате кул-вибрациите од 60-тите и 70-тите, чудниот шарм на бајките, живописните бои на карневалите или суперхероите, сакаме да ја видиме Вашата креативност како блеснува! Затоа, соберете го Вашиот близнак и изберете тема што ви се допаѓа на двајцата – ајде да ја направиме оваа наша 50. прослава незаборавна! Се гледаме таму, со двојно поголема забава!“, се вели во поканата.
Инаку, минатогодишниот настан е запишан како „Најголем годишен собир на близнаци во светот“ во Гинисовата книга на рекорди.