Ноќеска кај хотелот Континентал, поточно на кружниот тек беше поставен споменикот на андон Лазов Ќосето.
Всушност вој споменик, додек Петре Шилегов беше градоначалник беше отстранет од пред судовите, но актуелната градоначалничка, Данела Арсовска го врати.
-Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава, се вели во соопштението од Град Скопје.

Одлуката за враќање на споменикот на контроверзниот Ќосето, познат како ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и брата си, беше донесена на Советот на Град Скопје во декември 2023 година.