Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светски ден за борба против хепатитисот, почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.
-По тој повод, во понеделник, 28 јули 2025 година, од 10 до 13:00 часот ќе биде поставена мобилна единица на плоштад „Македонија” во Скопје од каде почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб. Националната кампања ќе се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб, велат од МЗ.
Ова е списокот на градовите каде ќе се врши бесплатен скрининг:
28 јули | Скопје: 10:00–13:00 / Куманово: 18:00–20:30
30 јули | Тетово: 10:00–12:30 / Гостивар: 18:00–20:30
01 август | Струга: 10:00–12:30 / Охрид: 18:00–20:30
04 август | Битола: 10:00–12:30 / Прилеп: 18:00–20:30
06 август | Штип: 10:00–12:30 / Гевгелија: 18:00–20:30