Во летната културна понуда на Охрид, која секогаш носи дух на извонредност и духовна длабочина, оваа година се вградува и еден навистина посебен музички момент. На 3 август, под отвореното небо и над древните камени трибини на Античкиот театар, црногорскиот пејач и автор на некои од најемотивните балкански балади, Сергеј Ќетковиќ, ќе одржи концерт што ветува уметничко и емотивно доживување од висока категорија.
Овој концерт, опишан од самиот Ќетковиќ како „музички бисер“, ќе се одржи во автентичен и уникатен формат – неговите најголеми хитови ќе бидат изведени во нови, оркестрални аранжмани, во соработка со Битолскиот камерен оркестар. Таа симбиоза на глас, живи инструменти и автентично чувство, ќе овозможи вечер во која музиката не само што се слуша, туку и длабоко се доживува.

„Драги мои, ве чекам на 3 август во Охрид. Се гледаме, вие и јас“, порача Ќетковиќ, пренесувајќи ја својата лична возбуда за концертот кој, според него, надминува обична музичка изведба и станува искуство во кое љубовта кон музиката, публиката и просторот се сливаат во едно. (https://www.facebook.com/reel/2204490223346254)
Затоа подгответе се за музичка магија и вечер на емоции, вечер во која под ѕвезденото небо заедно ќе ги пееме „Нису ми дали да те волим“, „Нек те љубав дочека“, „Погледи у тами“, „Љубав“, „Кофер“, „Ако те није“, „Прстен на сто“… Влезниците за охридскиот концерт се достапни по цена од 900 до 1500 денари, во зависност од местоположбата, а може да се набават преку мрежата на https://yournextevent.info/event.php?id=153, и на следните продажни места во Охрид: Кај Аждер, Тамаро (АСНОМ) и Тамаро 5 (бул. Туристичка). Овој 3 август, нека љубовта биде нотиран јазик, а Античкиот театар – место каде што музиката ќе го спои времето, просторот и срцата на сите што веруваат во убавината.