МВР информира за четири пијани лица кои предизвикале опасност. Вчера во три одвоени случаи на подрачјата на СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Охрид од слобода се лишени три лица, врз основа на чл. 297 –а од КЗ на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило”), а четвртото со молотов коктел предизвикало пожар.
-Вчера во 00.07 часот во близина на селото Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(41) село Јачинце, кумановско, заради тоа што при контрола во патниот сообраќај, откако полициски службеници го сопреле патничкото возило „Мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т. кај истиот било констатирано присуство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта. Лицето веднаш е исклучено од сообраќај и е задржано во полициска станица, информираат од МВР за едното лице.
-Потоа вчера во 00.30 часот на улицата „Живко Брајкоски” во Гостивар, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, го лишиле од слобода Н.М.(54) од Гостивар кој управувал патничко моторно возило „Цитроен” со скопски регистерски таблици, под дејство на алкохол, односно со утврдени 1,77 промили алкохол во крвта, велат од МВР за второт лице.
-Во 01,40 часот вчера, на улицата „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија М.Х.(21) од Скопје, кај кој што при контрола во патниот сообраќај, управувајќи патнички автомобил „Ауди” со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека имал 1,78 промили алкохол во крвта. М.Х. веднаш е исклучено од сообраќај. Против овие лица по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило”, информират од МВР.
-И вчера во СВР Куманово во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот, сед вели во соопштението.