Во денешното издание на емисијата Стадион гостин е советничката Татјана Стојановска од „Независни за Карпош“, заедно со Ѓорги Танушев од „Стига е“, советник во Советот на Општина Струмица и Габриела Илиевска, советничка од назависната граѓанска иницијатива „Поинаку“ и претседателка на Советот на Општина Битола.
Тема на дискусија беше проблемот со независните листи, улогата на независните советници, нивните барања, како и работата на советниците на големите политички партии во советите низ општините во државата.
„Независните кандидати ја зголемија транспарентноста, нешто што беше апсолутно неопходно да се направи во нашата локална управа. Граѓаните повеќе знаат што се случува, нема одлуки кои што ќе ги дознаат откако се донесени или веќе спроведени и тоа беше прв чекор во кој што почна да се сфаќа и улогата на советот“, изјави Стојановска.