Водителот Жика Јакшиќ има тешкотии со говорот по мозочниот удар.
Според медиуми, Жика Јакшиќ е пуштен на домашно лекување откако помина десет дена во болница.
Неговата состојба сега е стабилна, но поради мозочниот удар, има тешкотии со говорот, па затоа логопед доаѓа кај него секој ден, за да му помогне што побрзо и полесно да ја надмине моменталната состојба.
-За среќа, Жика Јакшиќ сега е добро. Со оглед на тоа што доживеал мозочен удар, сега има мали тешкотии со говорот, поради што логопед доаѓа кај него секој ден дома за да му помогне што побрзо да се опорави – изјави извор близок до водителот за медиумите, пренесув Пинк.
На Жика му се слошило пред еден месец, поради што итно отишол на лекар. Откако добил медицинска помош, беше задржан во болницата Свети Сава, каде што беше на интензивна нега.
-Ниту се слушнавме ниту се видовме. Мислам дека буквално никој дури и не го контактираше. Никој не можеше да стапи во контакт со него бидејќи беше во болница без телефон. Немаше можност за комуникација. Мислам дека беше во болницата Свети Сава десет дена – изјави неговиот пријател Микица Гачиќ за медиумите во Србија.