МВР информира дека вчера вечерта е уапсен возач со 1,94 промили алкохол во крвта.
-На 09.07.2025 во 20.50 часот на регионалниот пат кај село Неокази, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода С.Ј. (59) од Пробиштип. Полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.