Како и што најавија трите најголеми политички сили во Европскиот парламент, усвоен е извештајот на известувачот за Македонија, Томас Вајц откако внатре беа избришани сите делови каде стоеше македонски јазик и македонски идентитет.
Известувачот Вајц покажа задоволство што ми помина извештајот, каде меѓудругото се бара Македонија да си ги исполни обврските и за ги внесе Бугарите во Уставот.
За извештајот гласаа 461 европратеник, 121 против, а 107 беа воздржани.
Пред гласањето на која претходеше дискусија, грчката европратеничка Афродити Латинопули ги поддржа ставовите на бгуарските колеги, како тој на Андреј Ковачев, и порача дека Македонија во ЕУ нема да се случи ни на сон. На говорницата себе си се нарече „вистинска горда Македонка не лажна како жителите на Скопје“.
„Денеска јас ќе говорам како Македонка, бидејќи сум горда Македонка, вистинска, а не лажна како жителите во Скопје. Се срамат да кажат она што се. Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка“, рече Латинопули.