Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави видео на кое се гледа како со диви приклучоци се наводнуваат цели фолии.
-Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци, а ни денар не плаќаат и затоа нерационално трошат бидејќи водата ја добиваат за џабе, а МВР не постапува. Браме МВР да постапува! Ако можете по службена должност да поднесувате кривични пријави за оние што крадат струја од ЕВН приватна фирма, можете да поднесете и за тие што крадат од ЈП „Водовод и канализација“, за да си наводнуваат цели ниви, за дивоградбите, за полнење базени со основниот природен ресурс- водата за пиење. Потрошувачката на вода овој месец на дневно ниво е рекордни 356.000 м3 на ден, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител, напиша Арсовска на Фејсбук.