Придружено со видео што го објави, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, објавува за напад врз советничката Ирена Витина при интервенција на див приклучок на водоводната мрежа.
Арсовска напиша дека сторител е „извесен инспектор од МВР наречен Бујо“
„Во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката во град Скопје Ирена Витина пред очите на неговите колеги од МВР кои не реагираа на нападот, иако истиот беше пред 10 сведоци и целиот настан е снимен од почеток до крај“, напиша Арсовска.
видео: ФБ Данела Арсовска
– Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци од кои си наводнуваат цели ниви, приклучоци на дивоградби, на полнење базени, истите ни денар не плаќаат затоа нерационално трошат бидејќи ја добиваат за џабе, а МВР не постапува. Тогаш мафијашите мислат дека можат да прават што сакаат и ќе си поминат неказнето, а нивниот број се зголемува. Сите скопјани трпат штета од таквите, сред најголемите горештини нема вода од таквите, 700 литри вода по жител на Скопје е колку овие ликови трошат на грбот на Скопјани и на природниот извор Рашче.
Додека не пикнат еден од овие во затвор, состојбите само ќе се влошуваат, А друг извор на вода немаме и нема како да се добие вода, џабе негодувања, џабе жалење“, пишува Арсовска.
Неодамна Арсовска јавно документира уште еден див приклучок на водоводната мрежа преку кои се најводнувале оранжерии.