Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ прогласи вонредна состојба поради пожарот кој е надвор од контрола на територија на општината.
-На денешната седница на општина Чучер Сандево донесовме одлука за прогласување на вонредна состојба во општината поради активните пожари кои ги имаме на подрачјето на општина Чучер Сандево веќе втор ден. Ваквата одлука ја донесовме бидејќи состојбата е се уште сериозна и загрижувачка со пожарот кој избувна во реонот помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево се до Кучевиште. Ситуацијата е сериозна и бара постојано вклучување на сите расположливи ресурси. Пожарот зафати густа нискостеблеста шума. Тоа што ме загрижува е дека забележувам спора реакција на надлежните институции во однос на постапување за гаснење на пожарот. Во вакви моменти секоја минута е важна., рече Комненовиќ и додаде:
-Мојата цел не е д критикувм туку да алармиран. Вчера Владата презентираше некаква подготвеност со хемрелините. Зошто не се употребени, јас забележав само еден. Од вчера не може да се да се стави под контрола. Алармирам на итна мобилизација. Јавно апелирам со сите ктивно да се вклучат во гаснење. Барав и меѓунаросна поддршка, но се уште никој не ме контактирал, рече тој.