Тој што војувал знае дека тоа не е убаво. За војна зборуваат само луѓе кои не биле во војна, само седат пред коперација пијат пиво и јадат наполитанки. Што е ок, демократијата то го дозволува, рече професорот Методи Хаџи – Јанев во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал77.
-Мислам дека имаме сериозен проблем со тоа што не можеме да разбереме дека дури и претходниот период, кој го сметавме за пацифистички, не е. Земете ја интервенцијата на Косово ќе видете дека е брутална интервенција на една идеологија. Прекршено е меѓународното право околу употреба на сила во име на некаква хуманитарна интервенција прекршени се принципи на сувереност на држава. И сето тоа се легитимизираше под капа на доминација на таа иделогија. Проблемот е што веќе таа идеологија е во слободен пад. Видете кое водство го имате, како се устројуваат и силат само кон посилните. Не постои визија за тоа како ќе се редите. Ако ги видитеодносот европските лидери како понижувачки се однесуваат кон Трамп, а ваму вам ви продваат дека они се моќ, дури е непријатно да се гледа, рече професорот и додаде:
– Сето тоа зборува за еден факт, а то е дека либерализмот и неоконзерватизмот кој заговара светски поредок во кој тие би биле доминантни е во криза. И таа криза не е само од предизивкувачите кои успеаа да го корумпираат системот и да стекнат моќ. Ги искристија сите предности на глобализацијата, либерализмот, отоврената економија, со технологија, но и со воена моќ. Утралибералите се заглавени во една презумција дека тие се најмоќните и никој не може да им пркоси и дека само она што ќе го кажат тоа е исправно. Да ги земеме парадоксите во Украина и она Израел што го прави, кажа професорот Хаџи-Јанев.
Погледнете го целото интервју со професорот Хаџи – Јанев во видеото: