Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот на земјава што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
– Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно. Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство, посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг.
Вели дека е изненаден од карактерот на поднесените амандмани од бугарските европарламентарци што се однесуваат на нацијата и јазикот.
– Како професорка не знам што значи „модерен“, не постојат, предмодерни, модерни и постмодерни нации и јазици. Сите нации настанале во втората полвина на 18 век и во 19 век, па и нашата. Да поднесувате амандмани за еидентитетските прашања, а тие се ад акта за разговор бидејќи и договорот за ЕУ и Лисабонскиот договор и Повелбата за фундамнтални права гарантираат почитување на националниот и на клутурниот идентитет и различност, посочи Сиљновска-Давкова и додаде дека за тие прашања не се разговара.
Очекувам, потенцира, разбирање од нашите први соседи, пријателски однос и мислам дека ќе дојде до тоа.
Нагласи дека вечера кај холандскиот крал Вилем-Александер помина сосема во ред во „умно и интересно друштво“.
-Разговаравме за сериозни прашања – за мирот и за единството кое е толку потребно за да дојдеме до конечен „кант оф ластинг пис“.
Фото: ТВ 21