Медиумите на албански јазик споделуваат списоци од вчерашното издание на „Службен весник“, каде се објавени проектите и износите што се одбрани за финансирање од Министерството за односи меѓу заедниците. Реакцијата е дека споредено со лани, кога со Министерството раководеше Артан Груби доминираа албанските здруженија, годинава се случува србизација во финансирањето сега, кога раководи Иван Стоиљковиќ, кој доаѓа со Демократската партија на Србите.
Денеска и албанските партии излегоа со реакција дека со долгиот список на финансирани проекти, само три се на албански здруженија, додека во време на Груби, половина од парите оделе во албанските проекти. ДУИ реагира дека 29 проекти за македонски здруженија, 5 проекти за српски здруженија, 3 проекти за ромски здруженија и само 3 проекти за албански здруженија.

„Дали вака Стоилковиќ го разбира меѓуетничкиот соживот – преку систематска деградација и дискриминација на организациите што ја промовираат албанската култура, јазик и наследство во оваа земја?“, прашаа од Алијанса за Албанците.
Од објавениот список со одобрени проекти по распишаниот јавен конкурс од ова Министерство, одобрени се 40 проекти на здруженија кои работат со заедниците, како Роми, Власи, Турци, има неколку албански здруженија, но и здруженија кои работат со пациенти со ретки болести, жени, делуваат во рурални средини и други.
Сите имаат одобрени буџети околу 10.000 евра.