За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското ВМРО.
Историското ВМРО преку НОБ и АСНОМ е код на секој Македонец, а ова денешно ВМРО-ДПМНЕ е блед израз на апсолутното непознавање на Македонската историја, манипулирање со чувствата на граѓаните и анти-патриотска агенда која владее во ДПМНЕ.
Ако нешто е ова ВМРО-ДПМНЕ, тоа е континуитет на врховизмот кој ја уништи Македонската идеја.
За Мицкоски, Македонија е кауза само кога треба да договара проценти од 7 милијарди евра, кога треба да прави тендери за 10 поскапи од реалната цена, и тогаш кога треба да се вози со приватен авион, да јаде папаја и да ужива во скапи хотели низ светот на сметка на Македонскиот народ.
Мицкоски е врховистот во ВМРО-ДПМНЕ. Ова ДПМНЕ ја киднапира славната историја на ВМРО за своја лична корист и полнење на џебови.
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил во последната година како власт во земјава.
Единствена промена што ја направи Мицкоски во последната година дена како Влада и четири години како локална власт е да го промени кројачот. Од одела купени на пазар, почна да носи „Бриони“, „Зења“ и „Версаче“.
Промената е видлива и во неговата колекција часовници која последнава година ја зголеми вредноста од 80.000 евра за часовници, на неколку стотици илјади евра за часовници.
Промената која ја видоа граѓаните од една година власт на Мицкоски е економска нестабилност, намалување на животниот стандард, најмала плата во регионот, мизерни услови за живот.
Промената се виде и во судскиот систем. Селективна правда, дури и кога правда се бара за 63 млади луѓе кои загинаа во трагедија предизвикана од функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Да се сокрие секој партиски член по цена на животите на деца.
Промена се виде и во реториката. Мицкоски од човек кој многу зборува за некакви предавства, ги предаде сите негови ветувања, а Македонија ја направи најмизерна земја за живот во регионов.
Промени се видоа и во чартерите и автобусите, од оваа година за неколку пати повеќе млади заминуваат од Македонија.
Мицкоски, сметката ќе ти биде испорачана на следните избори.
СДСМ