Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.С. од ПС ОН Тетово, кој е осомничен за сериозно кривично дело – „оддавање на службена тајна“.
Според соопштението, З.С. во текот на 2023 и 2024 година злоупотребувал пристап до доверливи информации, вклучувајќи билтени за дневни настани, анекс планови и акции кои ги планирале службите на МВР, УЈП, ДПИ и ДИТ. Станува збор за чувствителни податоци поврзани со контроли по казина и угостителски објекти.
МВР информира дека осомничениот ги предавал тие информации на физичко лице кое било вработено во казино, со што директно го загрозил интегритетот на полициските активности и безбедносните планови.