В.Д. Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, денеска објави дека е завршена ревизијата на работењето на кочанското ОУ „Никола Карев“, со која, како што вели, биле утврдени низа нерегуларности:
- Партиски директори, партиски училишни одбори, партиски вработувања, партиски резултати. По моја наредба извршена е вонредна ревизорска контрола во ОУ „Никола Карев“ Кочани. Од страна на општинскиот ревизор констатирани се низа нерегуларности и злоупотреби што директно влијаат за создавање на милионски долгови, високи камати по овие долгови, блокирана сметка и нефункционалност на училиштето. Согласно член 116 став 2 алинеја 5 и член 117 од законот за Основно образование поднесов барање до Училишен одбор на ОУ „Никола Карев“ Кочани да свика ИТНА седница и да ги констатира забелешките од ревизорскиот извештај кои упатуваат на ненесена штета на училиштето и да побара престанок на мандатот на директорот. Ако сакаме да имаме правна држава ослободена од партиските стеги ги охрабрувам членовите на училишниот одбор да донесат правилно и законско решение за доброто на нашите најмали. Во прилог ви прикажувам дел од ревизорскиот извештај и вие сами одлучете како треба да биде решението.Во зависност од одлуката на училишниот одбор ќе ги превземам следните законски чекори, истакна Крстевски.
