На фолк фест „Валандово“ постхумно беше доделена награда за животно дело на Гоце Арнаудов, кој остави неозбришливи траги не само на овој фестивал, туку и во современата македонска фолк музика.
Наградата ја прими неговата сопруга Силвана Арнаудова, чие срце не издржа, на сцена ја совладаа емоции и се расплака.
Публиката, пак, во негова чест стана и со долг аплауз му оддаде почит.
Силви за ММС отвори срце и раскажа за емоциите и тагата што и после толку години болката по него не стивнува.
-Благодарам на фестивалот за наградата и што не го заборави Гоце. Колку години и да поминат болката не се лекува. Јас велам нема веке да плачам ама емоциите совладуваат. Па во песните што ги пуштаат јас него го гледам. Не е лесно. Знам треба да бидеш прибран ама тешко е. Луѓето велат времето лечи ама не лечи. Празнината и потребата од него се чувствува. Ама нема што друго, мора да се помириме дека него веќе го нема, вели Силви за ММС и додава:
-Мене тешко ми беше уште од дома, кога се подготвував за да дојдам на фестивал. Син ми Оскар имаше пуштено негова песна и јас се навратив на времето кога требаше да се одржи Валандово, а кога Гоце беше жив. Тоа беше празник за целото семејство. Еуфорија. Што да облече, што да земе, па го вежбаше текстот. Беше голема семејна еуфорија, радост во семејството. А сега, јас се спремам сама и ништо не е исто. Како можеш да ги совладаш емоциите. Сега дома атмосферата е друга, вели Силве.
Легендарниот Гоце не успеа да се извбори со тешката болест и почина на 6 декември 2011 фодина. Зад себе остави голем број хитови, од кои дел се веќе евергрини. На фолк фест „Валандово“ е еден од најнаградуваните пејачи.