Тетекс, Слога Виница и Шкендија Арачиново се екипите кои ќе играат следната сезона во Втората лига. По подолга пауза Шкендија Арачиново се враќа во Втората победата над Осогово со 2-1. Овој натпревар одигран во Каваарци пред петилјадна публика, го следеа тензии и прекин поради националистичко навивање.
Тимот од Арачиново со голот на Ѓорѓиоски во 37. минута од пенал дојде во водство од 1:0. Осогово израмни во 52. минута со голот на Симоски, а победата за Шкендија ја донесе Иљази во 59. минута за 2:1.
Судбината на Осогово ќе ја решава ждрепка, последна надеж дека фудбалот во Кочани ќе остане на второлигашката сцена.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Слога Виница беше убедлива против Преспа, славеше со 3:0 и се врати во ВМФЛ.
На стадионот во Ѓорче Петров, Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:0, но тимот на Големо Коњари со два гола за три минути израмни на 2:2 и следуваа изведуваат пенали.
Во пенал – серијата поуспешни беа фудбалерите на Тетекс кои во следната сезона ќе играат во Втората лига по пауза од една година.