Петтата рунда преговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма ќе се одржи в петок во Рим, објави денеска министерот за надворешни работи на медијаторот Оман.
Бадр ал-Бусаиди ја објави информацијата на својот профил на „Х“.
САД и Иран минатиот месец почнаа клучни разговори, со посредство на Оман, за нуклеарната програма на Иран. Тие преговори имаат за цел да склучат нов договор што би го спречил Иран да се здобие со нуклеарно оружје во замена за укинување на санкциите што ја парализираа неговата економија.
Иран негира дека неговата нуклеарна програма има какви било воени цели.
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изрази вчера скептицизам во врска со успехот на преговорите, забележува агенцијата Франс-прес. Тој конкретно го отфрли барањето на САД Иран да престане со збогатување на ураниум