Најактуелно прашање денес беше кој ќе биде новиот гувернер на Народна банка. Сите сме во исчекување, но, името на гувернерот засега го знае само претседателкта Гордана Силјановска Давкова, бидејќи тоа е нејзин избор.
Ние ќе почекаме до утре, бидејќи, како што информираат собаниските служби, пликото со предлогот на претседателката е веќе на пријавница ама нема кој да го земе, бидејќи е завршено работното време.
-Предлогот е доставен до пријавница во Собрание. Пликото ќе се отвори утре сабајле кога ќе започне работното време во архива, велат од собраниските служби.
Медиумите веќе шпекулираат од неофицијални извори дека името на гувернерот е Трајко Славевски, актуелен претседател на Советот на Град Скопје.
Пари го контактирале Славески, но тој ниту ја потврдил ниту ја негирал информацијата. Посочил дека пред било што да каже и тој се чека на конечна потврда во Собранието, односно утре да ја отворт архивата.