Израелските власти синоќа објавија дека 93 камиони со хуманитарна помош на ОН влегле во опколениот и од војна разорен палестински Појас Газа.
Министерството за одбрана соопшти дека е испорачано брашно за пекари, храна за бебиња, медицински материјали и лекови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека по два и пол месеци блокада на Газа поради меѓународен притисок, ќе дозволи влез на мал број камиони со хуманитарна помош.