Вечерва околу 21.30 часот во кафуле на плоштадот во Штип се случила престрелка,во која едно лице е повредено, а МВР веќе е во потрага по лицето кое пукало.
-Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Неофицијално престрелката се случила меѓу лица од Турција, а во повредениот биле испукани четири куршуми и бил во критична состојба, но, подоцна извори на ММС потврдија дека лицето е починато.
Од сигурносните камери веќе се споделува фотографија и видео од лицето што пукало, а кое е во бегство.
