Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, 80 години по победата над нацистичка Германија, изјави дека против руското „зло“ мора да се „бори“ и рече дека парадата во Москва ќе биде „парада на цинизам и лаги“.
-Мораме да се бориме заедно, решително, силно, рече Зеленски во говор објавен на социјалните мрежи.
Тој, исто така, ги осуди комеморациите што Кремљ ги организира утре во Москва.
-Тоа ќе биде парада на цинизам и лаги, рече Зеленски во говорот од Киев.