По четврти ден пешачење и поминати над 150 километри, денеска, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев пристигнува во Скопје со што ќе го заврши годинашниот „Марш за Гоцевите идеали“ – симболична и револуционерна почит кон делото и борбата на Гоце Делчев.
Како што информира Левица, ова е петта година по ред како Јанчев го реализира овој подвиг, почнувајќи од Гевгелија и завршувајќи пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во Скопје.
-Левица ја поздравува и поддржува оваа традиција, која претставува жив спомен на револуционерната мисла, но и практична борба против заборавот и политичката амнезија. Левица ќе продолжи да ги одржува и негува вредностите за кои се бореле македонските револуционери, наведува партијата.