Апелациониот суд во Штип прифати само една од осумте поднесени жалби на изречените притвори за осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани. Прифатената жалба се однесува на предметот за Е.М., со која затворскиот притвор се заменува со куќен притвор. Во затворски притвор останува поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, а не се прифатени ниту жалбите на двајцата поранешни градоначалници Ратко Димитровски и Николчо Илијев, кои остануваат во куќен притвор.
Во продолжение соопштението од Апелационен суд Штип:
1. Ксж-61/25 – жалбата на К.Б е одбиена како неоснована, а првостепеното решение на Основен суд Кочани Кс-57/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
2. Ксж-62/25 – жалбата на Н.И. е одбиена како неоснована, а првостепеното решение на Основен суд Кочани Кс-72/25, со кое е продолжена определената мерката куќен притвор е потврдено.
3. Ксж-63/25 – жалбата на Р. Ч. Д. е одбиена како неоснована, а првостепеното решение на Основен суд Кочани Кс-53/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
4. Ксж-57/25 – жалбата на Е.М. е уважена, а првостеното решение Кс-61/25 на Основен суд Кочани е преиначено така што мерката притвор е заменаета со мерка куќен притвор и се определени мерки на претпазливост.
5. Ксж-56/25 – жалбата на М.С. е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-64/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
6. Ксж-54/25 – жалбата на Б.Х е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-69/25, (со кое барањето за укинување на мерката притвор и определување на куќен притвор и гаранција е одбиено)- е потврдено.
7. Ксж-55/25 – жалбата на М.Ѓ. е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-55/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
8. Ксж-58/25 – жалбата на Р.Д. е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-71/25, со кое е продолжена определената мерката куќен притвор е потврдено, соопшти Апелациониот суд од Штип.