Претседателот на Украина Володимир Зеленски, по повод денешниот руски напад врз градот Дњепар, ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Москва.
„Русија го користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Треба да извршиме притисок врз убијците и да помогнеме да се стави крај на оваа војна и да гарантираме траен мир. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои на овој начин ги користат своите можности. Војните се прекинуваат со сила – сила против агресорите, сила во одбрана на животот“, порача Зеленски.
Тој нагласи дека денес секој одбранбен пакет од партнерите и сите форми на поддршка од светот за украинскиот отпор „буквално значат заштита на животот“