СВР Скопје информира дека утре вечер во Скопје ќе се одвива посебен сообраќаен режим.
-СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници, се вели во соопштението.