Вандализирана е новата детска градинка во Бутел, информираше утрово градоначалникот, Дарко Костовски.
Тој на Фејсбук објави фотографии од вандализмот на, засега, непознати стрители.
– МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили. Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму апелирам, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари. Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика ! Во Општина Бутел се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период, напиша Костовски.