МВР информира дека уапсени се двајца дилери на дрога во Штип и Охрид.
-На 08.04.2025 во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, инормираат од МВР и додават:
-На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(26) од с.Косел, охридско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата.