Руби Перез пеел под урнатините за да им помогне на спасувачите да го лоцираат, изјави неговата најстара ќерка и пејачка на оркестарот Зулинка Перез.
Пејачот останал заробен под урнатините на познат ноќен клуб во Доминиканската Република каде се урнал таванот и според последните информации загинале најмалку 27 луѓе. Неговиот брат, кој е ортопед, бил со него во дискотеката Џет Сет, изјавила неговата ќерка.
„Го нашле како пее, тој почнал да пее за да го слушнат“, рече таа.
Од зори во вторникот, кога се урна покривот, спасувачите континуирано извлекуваат тела и повредени лица, додека расте неизвесноста кај семејствата на затрупаните.
Пејачката Зулинка Перез се спасила неповредена додека нејзиниот сопруг скокнал врз не за да ја заштити. Иако останат затрупан, успешно бил спасен.
Таа рече и дека уште еден пејач од оркестарот бил пренесен во здравствен дом во тешка состојба, додека еден саксофонист починал, пренесува телеграф.рс.
Погледнете го моментот кога паднал кровот на дискотеката:
Doce personas murieron y múltiples resultaron heridos cuando se desplomó el techo de la famosa discoteca Jet- Set de República Dominicana durante la presentación del famoso merengue Rubby Pérez.
Según varios medios locales, su manejador Fernando Soto reveló que el artista aún… pic.twitter.com/eyIKY3E0KQ
— Molusco (@Moluskein) April 8, 2025