Уште еден пијан возач е уапсен вчера во Теотово.
-На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.