Сите 72 пациенти кои се лекуваат тука и 101 кои се надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат. Вчера беа 20 критични, веќе денеска тој број е намален на 10, кои се во потешка состојба, но и тие се стабилни и надвор од животна опасност. Ова не претпладневниот брифинг го изјави министерот за здравство Арбен Таравари, додавајќи деја тројца од повредените вчера заминале дома, а уште точку денеска ќе бидат испишани. На сите им се прават токсиколошки анализи.
-Со одлука на Кризниот штаб на сите што се испишуваат им се прават токсиколошки анализи. Ќе дојдат искусни токсиколози кои ќе направат испитувања за да бидеме сигурни, рече Таравари.
На прашањето за тоа зошто не се објавуваат имињата на жртвите, министерот за здравство рече дека како министерство и Кризен штаб се занимаваат со повредените, им ги знаат податоците, но не е етички да се објавуваат. Не ја потврди наводната информација дека уште еден возач на Итната помош имал срцев удар. Таравари потврди дека разговарале изутрината на состанокот на Кризниот штаб, но не може да потврди. За починатиот возач од кочанската Итна помош Иле Гоцевски. Таравари планира да го повика семејството и постхумно да биде одликуван.
Што се однесува до состојбата со повредените по болници во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Од приватните клиники, во „Систина“ се згрижени 7 пациенти и во „Жан Митрев“ 4.
-Надвор се 101 пациент, вчера се испратени помал број пациенти, денеска има понуди од повеќе држави, но ќе видиме, можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не, рече Таравари.
Министертвото за здравство денеска се очекува да ги објави на својот веб сајт податоците за бројот на пацинети по болници дома и во странство и тие податоци постојано да се обновуваат.