Српскиот портл Информер, чии новинари се во Кочани, информираат дека сопственикот на дискотеката на смртта во која во неделата загинаа 59 млади луѓе, имал и склад за гориво, кој се наоѓа на само 50-тина метри од објектот.
Според Информер, има затрупан резервоар за нафта на околу 50 метри, а според мештаните таму наводно има околу 10 тони нафта. Мештаните ја одвеле екипата за да им покажат каде е отворот.
-Негова фирма е ова, велат луѓето покажувајќи го местото.
Трет ден по несреќата за ова никој од институциите не кажа. По оваа информација на Информер македонските медиуми се обратија во Јавното обвинителство, од каде кусо одговорија:
-При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите околности се испитуваат, рекоа кусо од ОЈО.
Погеднете го видеото од Информер како тоа изгледа: