Хоспитализирани се 152 пациенти, од кои 18 се во критичична состојба.Министерството за здравство објави телефонски броеви на кои семејствата може да добијат информации за состојбата на хоспитализираните лица по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 51 лице, а 152 се хоспитализирани различни здравствени установи низ државата. Од нив 18 се во критична состојба.
Ова се телефонските броеви:
Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“ – 071226764
Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје- 070387115
Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – 075203026
Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.
„Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените“, рече Таравари.
Црвениот крст соопшти дека достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот. Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.