Во моментов во дворот на кочанската болница се случува траор. На родителите и најблиските што од утрово чекаат информации им се соопштуваат имињата на загинатите деца, на оние за кои досега се утврдил нивниот идентитет.
Директорката на болницата во изјава за медиумите кажа дека децата со од 14 до 20 годишна возраст, дека некои од нив имале лични карти, но многу биле и без идентификација.
Сликата во дворот е тана да се опише, бидејќи кој како го дознава името, така паѓа во траор.
Во дворот за помош на родителите и блиските има медицинска екипа, припадници на Армијата и полиција. Тие помагаат на роднините во овие тешки моменти. Волонтерите на Црвен крст им делат вода.