Деца од 14 до 20 години биле ноќеска во дискотеката „Пулс “ во Кочани, каде избувна пожар.
Над 70 лица, од кои дел од лицата биле веќе починати, дел повредени кога биле донесени во болницата во Кочани.
-Над 70 лица биле донесени во кочанската болница, а дел од нив веќе беа починати, а дел во моментот починуваа. Некои беа со лични карти, некои не. Има деца од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани, рече директорката на кочанската болница, Кристина Серафимова.
За тоа колкава трагедија направи пожарот во изјава за Сител даде роднина на едно од загинатите деца.
-Над 150 фамилии ќе страдат. Не ми треба мене веќе живот, што ќе ми е живот. Едно дете имав. Кај три часот ноќеска дознав за пожарот. Цела ноќ сум таму, не можат да ги препознаат децата беа изгорени, рече родител на дете за Сител.