Хамас денеска соопшти дека го прифаќа предлогот на посредникот за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.
Групата во соопштението наведе дека е подготвена да преговара за втората фаза од договорот за прекин на огнот и го повика Израел целосно да ги исполни своите обврски, пренесуваат британските медиуми.
Воедно, Хамас најави и дека ќе го ослободи Едан Александар, израелско-американски заложник, како и дека ќе ги предаде телата на уште четворица заложници со двојно државјанство