„Србијавоз“ соопшти дека денеска е во прекин железничкиот сообраќај, пренесува Н1.
„Србијавоз“ во соопштението наведува дека во четвртокот во 01:39 часот добиле повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи.
„Принудени сме привремено да ја прекинеме работата на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и екипажот на возовите“, напишаа тие во соопштението.
Не се знае кога ќе биде обновен железничкиот сообраќај.