Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска на денешната прес конференција побара оставка од министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска поради вчерашните навреди врз пратеничката Славјанка Петровска.
-Вчера бевме сведоци на нешто срамно, нешто што не смее да помине како обична политичка дебата. Министерката за финансии, Гордана Кочовска упати навреда која погодува длбоко не само кон Петровска, туку кон секоја жена, секој човек кој некогаш бил дискриминиран. Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда туку удар врз достоинството, ароганција, нечовечност. Наместо извинување и признание за грешката ВМРО ДПМНЕ продолжија со нападите кон Славјанка Петровска. Ја обвинија дека глуми жртва. ДПМНЕ и Кочовска вчера покажаа дека не ги разбираат вредностите на современото опшество ниту болката. Партија која бега од одговорност и секогаш ја бара вината во жртвата наместо во сторителот. Ова не е само за Славјанка, туку за секоја жена која не се вклопува во нечии очекувања. Ова е за секоја личност која била дискриминирана поради нешто што не звиси од неа, рече таа и додаде:
-Денес гласно бараме, Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Министерка која шири дискриминација, не заслужува да седи во Влада. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така можеме да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација. Нема да застанеме тука, ова не смее да остане еден ден на осуда туку брба за достоинство и еднаквост. Затоа СДСМ ќе превземе конкретни чекори. Ќе побараме итна седница на комисијата за дискриминација, ќе иницираме законски измени или кодекс кој ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено кога доаѓаат од високи функционери. Ова не е политичка пресметка, не е само за Славјанка туку бора за вредности.. Порака дека нема да дозволиме омаловажувањето да стане ново нормално. Затоа оставка веднаш, рече Тренчевска.