Штипската полиција потврди дека телото во распаѓање, што изутрината беше пронајдено од работници кои работат на изградбата на Мега-паркот, е 86-годишниот С.Д., кој на 15 август бил пријавен за исчезнат.
-По преземени мерки, извршен увид и извршено препознавање, било констатирано дека станува збор за С.Д.(86) од Штип, кој беше пријавен за исчезнат на 15.08.2024. година. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Претходно Обвинителството соопшти дека семејството го идентификувало починатиот.
-Телото на починатиот е пронајдено заедно со неговите лични предмети и извршена е првична идентификација од страна на семејството. На телото не се констатирани видливи траги на насилство, соопшти Обвинителството.