Пејачката Јелена Розга наводно се подготвува да стапне на „лудиот камен“ со Иван Хуљиќ, синот на познатиот композитор Тончи Хуљиќ.
Според пишувањата на медиумите, гламурозната церемонија ќе се одржи наесен во Сплит, а околу 500 гости ќе бидат семејството и најблиските пријатели.
Покрај венчавката во Хрватска, парот планира и уште една прослава на егзотична дестинација, а парот ќе се одлучи меѓу Малдиви и Бали.
-Свадбените ѕвона се повеќе бијат за Јелена и Иван. Толку долго го чекаше вистинскиот маж и тој е тука. Останува само да објават официјално кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека тоа ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен – вели добро информиран извор близок до парот, пренесува телеграф.рс.
Розга и Иван романсата ја започнале пред 10 години. Но, нивната врска потоа пропадна, а причината беше стравот на Иван дека мајка му, Вјекослава Хуљиќ нема да прифати снаа која е 11 години постара од него.
Јелена го познава Иван уште од мал, бидејќи на 19 години почнала да пее во бендот „Магазин“, чиј фронтмен е неговиот татко Тончи.
Романсата ја обновија пред две години, но уживаа далеку од очите на јавноста и се трудеа што подолго да ја задржат среќата во сопствените четири ѕида.
-Иван се плашеше од можна осуда, пред се поради големата разлика во години, бидејќи Јелена е цела деценија постара од него. Кога првпат почнале да излегуваат, биле млади, но сега биле на возраст кога требало да размислуваат за создавање семејство, па се плашел дека неговата мајка, Вјекослава Хуљиќ, нема многу да го поддржи во неговиот избор. Друга причина зошто Иван се плашеше беше притисокот од медиумите. Розга е една од најпопуларните пејачки од овие простори, Тончи е исклучително познат, а сестрата на Иван, Хана, е мажена за познатиот Петар Граша, па мислел дека доколку се дознае врската, приватноста на неговото семејство целосно ќе биде нарушена – рекол соговорник порани за информер.рс.