Гоце Трајковски, кој е сведок во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а кој беше недостапен за полицијата, која подолго време го бара за друго кривично дело, а тоа е подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода, и се предаде на полицијата. Оваа информција за ММС ја потврдуваат од МВР .
-Да, лицето само се пријавило во ПС Кисела Вода, одговорија кусо од МВР.
Гоце Трајковски треба да сведочи на суд и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кои ладнокрвно беа убиени, едниот крај Велес, а другата крај Скопје минатата година.
Трајковски неколку пати не се појавуваше во суд, па обвинителката бараше и понатаму да се бара з да сведочи.
Кога прв пат требаше во судот да се појави, но не дојде, неговата мајка Кираца кажа дека поради здравствени проблеми не можел да дојде.